четврток, 5, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

„Dance Fest Gevgelija 2025“ – фестивал на танцот, дружбата и инклузивата

Александар Аврамов: „На натпреварот имаше многу успешни настапи. Според реакциите на публиката впечатоците се дека „Мистик“ е во чекор со трендовите во урбаната танцова сцена и дека постои напредок кај сите членови и групи“

април 16, 2025
in SHOWBIZ, МОЗАИК, Музика, ФОКУС
„Dance Fest Gevgelija 2025“ – фестивал на танцот, дружбата и инклузивата
0
SHARES
117
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Претседателот на организациониот одбор на „Dance Fest“ Александар Аврамов, претседател на „Mystic dance“ од Гевгелија, фестивал кој се одржа по втор пат во Гевгелија, со интенција да прерасне во традиционален, не го крие задоволството дека фестивалот претставува празник на танцот, забавата и инклузивата, под домаќинство на Гевгелија.

Фестивалот имаше натпреварувачки карактер, собра на едно место, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, 613 учесници од 9 танцови студија од Македонија и се изведоа танцови точки поединечно и групно во траење од над пет часа. Толку часови со музика и танц уживаше гевгелиската публика.

Related posts

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

јуни 4, 2025
ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

јуни 4, 2025

– „На натпреварот имаше многу успешни настапи. Учесниците беа поделени по категории: по возраст, по број на учесници во самиот настап (соло, дуо, група, формација и продукција) и по стил на танц. Имавме од класичен и модерен балет, до џез балет и шоу денс, па се до латино танци и урбани стилови. Со оглед на тоа што имавме шаренило во стилови, добивме и доста категории, а со тоа и повеќе победници. На нашиот натпревар не се избираат апсолутни победници затоа што барем засега, целта ни’ е да презентираме колку е можно повеќе стилови и да самиот настан биде повеќе како фестивал на кој ќе се слави танцот во сите форми“ – изјави за GevgelijaNet Александар Аврамов.

– „Мене лично редовно најмногу ме погодуваат настапите во категорија Пара танц и благодарение на танцово студио “Еурека” од Скопје и оваа година имавме чест да проследиме настап на инклузивна формација составена главно од лица до попречености.

Taнцовата точка со лица со попреченост на студиото „Еурека“ од Скопје

– „Студиото „Мystic dance“ учествуваше со 7 формации од кои 6 имаа прва изведба. Исто така имавме и 20 солисти. Плaсманите на Мистик се движеа од 1 до 9 место. Според реакциите после натпреварот впечатоците се дека „Мистик“ е во чекор со трендовите во урбаната танцова сцена и дека постои напредок кај сите членови и групи“ – оцени Аврамов.

Танцовото студио „Мистик“ први во Хип-хоп категорија групна формација
  • „Ни’ претстои богата натпреварувачка сезона во текот на 2025 година“ – ги најави бројните настапи на кои се подготвува „Мystic dance“ да ги освојува домашните и странски сцени, претседателот на гевгелиското танцово студио Александар Аврамов.
Мини победници, големи насмевки – Победници во мини кидс категорија

Ние им посакуваме успех во понатамошните заложби на членовите и нивниот претседател и кореограф на „Mystic Dance“ и секако честитки за постигнатото и организационите заложби на овој броен, детски, младински денс фестивал.

Настанот се одржа како дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, a фестивалот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за програми и проекти од областа на културата за 2025 година.

Аврамов предводник на жири комисијата на танцовиот фестивал
Категорија „Латино танци“ – настапува студио од Кочани
Среќа, радост и насмевки од победниците и носители на пехар
Публиката и жирито ги следат настапите на танцовите студија со своите танцови изведби во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Приведен малолетник кај с.Мрзенци, вплеткан во криминал со мигранти

Next Post

Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

Next Post
Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

Лела - Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Богојавление во Дојран, Богданци и Валандово 2025

Богојавление во Дојран, Богданци и Валандово 2025

5 месеци ago
Пријавено физичко насилство во Гевгелија

Приведен крадец во Стар Дојран

10 месеци ago
Општина Гевгелија ќе помогне на збратимена Јабланица која настрада во поплавите

Општина Гевгелија ќе помогне на збратимена Јабланица која настрада во поплавите

8 месеци ago
Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија

Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија

1 недела ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти
  • ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит
  • Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

јуни 4, 2025
ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

ВИДЕО: „Мојата драга“ – нова песна на Дарио, со најава за летен хит

јуни 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist