Завршува продолжениот празничен викенд. Колони автомобили, автобуси навалија назад од јужните летувалишта на Грција назад дома преку ГП „Богородица“ и „Табановце“ каде периодот за чекање беше и до еден час, во најголемиот налет околу 17-18 часот.
Колони возила со празничи викендаши и автобуси со студенти направија навалица и на наплатните рампи кон Скопје. Овде времето на чекање беше до 10-на минути. Бранот автомобили по автопатот „Пријателство“ од границата до Скопје се разредува во попатните градови Кавадарци, неготино, Велес и внатрешноста на државата.
Времето издржа сите да имаат убав празничен виќенд, а патот до дома може малку подолг и со застој, ама пак на време за утрешниот работен ден.
Фото: Наплатна рампа Велес – Скопје