Пензионерските средби особено со песна и музика се секогаш интересни. Неделава тие беа организирани во Кавадарци, како Регионална Ревија на песна, музика и игри во организација и под домаќинска улога на Здружението на пензионери од Кавадарци. На Ревијата настапија и членовите на пензионерската група од Гевгелија.
Изборот на песните им беше пред се’ од народниот фолклор, „Зурли трештат на сред село“ за „старо аро“ кое сакало да се фати на оро, севдалинките „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ангелино, мало моме“…
На средбите кои се одржуваат по 23-ти пат, учествуваа пензионерски друштва од Кавадарци, Велес, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Регионалната Ревија на песни, музика и игри се одржа во Домот на културата „Иван Мазнов Климе“ во средата на 23 април годинава.

Аплаузите за изведувачите од Гевгелија се доказ за нивниот успешен настап.
Здружението на пензионери доби Признание за учество на ревијата, а неа ја прими секретарот на ЗП Гевгелија Марика Николова.

Настанот имаше натпреварувачки карактер, а за пласманот ќе одлучува комисија при Сојузот на пензионерите на Македонија. Додека стаса наградата, ние Ви ја презентираме песната која собра најмногу аплаузи од присутната публика во Домот на културата во Кавадарци. Солист е Владо Тасев. Уживајте.