Запленети се 1.280 парчиња сребрен накит и 9.250 евра кои биле непријавени кај царинските службеници, што според Царинскиот законик претставува обид за криумчарење на стока и е казниво дело.
Царински службеници на Граничен премин „Богородица“ спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит е запленет, а до едно лице е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење.
Имено лицето во вечерните часови пред полноќ, на влез на граничниот премин се пријавил со туѓ автомобил за што имал одобрение за управување. Поради сомневање селектиран е за детална контрола, при што во фабричките празнини зад предните бришачи, како и во фабричката празнина зад фиоката пред совозачкото седиште пронајдени се 387 парчиња нараквици, 134 пара обетки и 759 ланчиња. Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги од каде е поднесена кривична пријава.
Следува подолу Видео од претресот и понајдениот сребрен накит со вкупна тежина од 3,4 килограми.
Царински службеници на граничен премин Дојран спречија обид за нелегален внес на девизи, при што запленети се 9.250 евра. Имено при контрола на автомобил со странски регистарски таблички управуван од грчки државјанин царинските службеници пронашле 19.250 евра, при што согласно Законот за девизно работење му се вратени 10 илјади евра, а останатите се запленети.