На 29.04.2025 во 21:05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа во која учесници се две патнички возила.
Првото патничко возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, било управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија, а второто возило учесник во сообраќајката е патничко возило „Фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Општа Болница Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
Зе сега, во полицискиот Билтен не се прецизира кој е виновен, кој возач ги прекршил правилата во сообраќајот. Тоа ќе го утврдат инспекторите за сообраќај од извршениот увид на местото на несреќата.
Фото: Архива на МВР