Традиција, атракција, спомени кои траат со несекојдневните трки со магариња, трки со вреќа, трки со работнички колички и др.
Се’ во духот на Денот на трудот, одразувајќи ги трудољубивите навики на вредните стојачани, кои и од работата знаат да направат забава, натпревар и колективна атмосфера за дружба и уживање.
Ако не сте биле таму за 1 Мај не сте го осетиле епицентарот на празничните збиднувања на југот за Денот на трудот!