Седумгодишниот Јован Насев денеска на вториот турнир во неговиот тримесечен настап во дресот на АЕП „Академија ПАОК“ во Грција постигна 4 голови и 2 асистенции и со три победи, еден нерешен резултат и еден пораз го однесе својот клуб во елиминационата фаза од турнирот.
На турнирот во Грција настапуваат осум фудбалски академии на грчкиот ФК „ПАОК“ во кои настапуват детски клубови од генерација 2010 и 2015. Јован е најмал фудбалер на турнирот, роден 2017 година и се’ уште има седум години, летово ќе наполни осум. Тој настапува во клуб со поголеми деца од него, родени 2014-2015, но поради фудбалската вештина не е нескромно да кажеме дека резултатот, победите, и напредокот на клубот зависат од првиот стрелец во Академија ПАОК, Јован Насев од Гевгелија.
Погледнете од видео записите како изгледа бестрашниот самоуверен настап пред голот на малиот Јован со фудбалската топка под контрола на неговите нозе – како да танцува кога дрибла меѓу противничките играчи и прецизен како стрела кога треба да ја пласира топката во мрежа.
– „Јован е брз, самоуверен и фиксиран кон голот, со таков вешт настап како да има 11 или 12 години, делува зрело, носи брзи и точни одлуки каде да се упати на теренот, кому да подаде топка, како да стигне до голот“ – велат фудбалските познавачи за Јован.
Како потврда да горе изнесеното еве еден еврогол од малиот мајстор со фудбалската топка.
Утре турнирот продолжува, а 7 годишниот Јован повторно ќе биде на терените со намера да постигне што повеќе голови и да ја обезбеди победата на својот клуб.
Ова е третиот постигнат гол денеска од Јован на турнирот во Солун, Грција.
Талент за кој допрва ќе слушаме, пишуваме, а да се надеваме и дека ќе го гледаме на меѓународни настапи.
Браво Јоване!