Гевгелискиот фудбалски талент Јован Насев, кој годинава потпиша да игра за „AEP Academy PAOK“ во Грција викендов учествуваше на турнир во Грција и со својот клуб го освои победничкиот Пехар, а беше прогласен за најдобар играч во категоријата U10 на турнирот.
Вистината е дека Јован има само 7 години, а настапува со генерација 2014-2015, значи со деца 2 до 3 години поголеми од него, а сепак на целиот турнир во конкуренција од осум Академии на мали деца фудбалери од Грција, Јован од Гевгелија беше најуспешен на теренот и беше прогласен за најдобар играч во категоријата U10.
Во текот на елиминационите натпревари кои се одиграа денеска на фудбалски терен во Солун, Грција Јован одигра 6 натпревари, само денеска и постигна 5 голови и 4 асистенции. Во полуфиналето „AEP Academy PAOK“ каде настапува Јован остварија победа со резултат од 3:2 и заминаа во финалето. Во дуелот за одредување на победникот на турнирот најпрво со феноменален евро гол Јован ја отвори серијата на згодитоци за својот клуб, а вториот гол го постигнаа благодарение на извонредната асистенција на Јован и со резултат 2:0 го освоија Пехарот на Турнирот на фудбалските Академии за деца во Грција 2025.
Еве го погодокот на Јован од слободен удар во полуфиналето за победа од 3:2 за „AEP Academy PAOK“:
Финалниот меч повторно започна со гол кој го постигна Јован и водство за „AEP Academy PAOK“ од 1:0.
Вториот гол за победа од 2:0 за „AEP Academy PAOK“ го овозможи Јован со својата прекрасна асистенција, поминувајќи ја целата одбрана на противничкиот тим.
Дека Јован не го штеди својот талент кога е во прашање фудбалот еве уште еден гол постигнат со негова асистенција уште во четвртфиналето од турнирот.
Јован заврши за денеска со фудбалот, со натпреварите. Се врати дома со уште еден трофеј и Диплома за најдобар играч во категорија U10, иако тој е роден 2017 година и има само 7 години (на лето ќе полни 8 г.). Остатокот од денот го поминува во пишување домашно, зошто утре е работен ден, а тој е второодделенец и не сака ништо да пропушти од задолженијата како ученик.
Браво за малиот талент Јован!
Му посакуваме напредок и успеси во неговата спортска пасија, фудбалот!