Во сабота попладне, на 03.05.2025 година во 18:20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во село Стојаково, општина Богданци, се случила сообраќајна несреќа.
Учесници во сообраќајката биле патничко возило „Ауди А4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(47) од Гевгелија и мотоцикл марка „Педа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 17 годишен малолетник, исто така од Гевгелија.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Запознаен е надлежен Јaвен Ообвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија.