Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) денеска беа посетувани црковните храмови, се посетуваше и даруваше иконата на овој древен маченик, се палеа свеќи за здравје и закрила од големиот Светец.
Најчесто е прикажуван во иконографијата како војник на коњ како со меч, или со копје ја убива ламјата која му нанесувала маки на народот.
Ѓоргија живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар Диоклецијан (284 – 305 год.), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните. Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов поклоник, издржал тешки страдања и докажал дека верата е сила и закрила.
Денешниот негов празничен ден Свети Ѓоргија да е на помош на страдните и верниците и поклониците на Христа!
Честит именден на именосците на овој светец: Ѓоргија, Ѓорги, Ѓурѓа, Ѓуро, Ѓургица, Гина, Гинка и други изведни имиња…
Црква “Свето Вознесение Христово” манастир “Свети Спас” Гевгелија