Новиот Вицешампион од Гевгелија се вика Ивана Груиќ – таа на Државното првенство во тенис за средношколци освои Второ место и го потврди својот талент во овој спорт.
Денеска 06.05.2025 во организација на ОСУС Кавадарци на терените на тенискиот клуб „Црна Река“ се одржа Државно првентство во тенис за Средни училишта, кадe нашата средношколка од Гевгелија освои подиум, Диплома и медал.
Ова е ЧЕТВРТИ по ред последователен трофеј за Ивана на Државното првенство во тенис за средношколки.
Таа беше прогласена за најдобра тенисерка-средношколец со победата на Државното првенство и во 2023. Беше втора на истото првенство во 2022 година и откако научи да биде на тронот меѓу средношколките тенисери опстојува на тронот само со нови победи. Стана Државен првак во тенис за 2024, а денеска се задоволи со титулата Вицешампион за 2025.

Тениското торпедо од Гевгелија е ученичка во четврта година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Ивана со тенисот се запознла многу рано и тренира од својата 7-ма година. Во првата учебна година беше втора на ДП во тенис, во втората и третата школска година како средношколец Ивана ГРУИЌ е ПРВАК на Македонија во тенис за средношколци. Во четвртата година е Вицешампион.
Ментор на Ивана е професорот по физичко воспитување при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Влатко Сменаков.
Пласманот на Државното првенство во женска и машка конкуренција е следен:
Категорија девојчиња:
1. Ива Кецкарова СОУ „Климент Охридски“ – Охрид
2. Ивана Грујиќ СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија🏆
3. Ана Манасиева СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Категорија момчиња:
1. Махсимилијан Алексoвски Гимназија „Ведра“ – Скопје
2. Филип Панов Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци
3. Давид Јаќимовски Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци

Честитки за медалистот и менторот !