Дојран и околината зафатени од невреме проследено со обилни врнежи грмежи и појава од град, јавува Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, но илустрираат и таможните жители.
Ледени топчиња од град се истурија во Дојран, оставајќи ги зелените површини од трева и новоразбудена вегетација бод белилото на паднатите топчиња град.
Најави за невреме имаше и за Гевгелија, ама облаците се упатија источно кон Дојран каде невреме проследено со обилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град,се манифестираше во поднебјето на Дојран.
Топчиња со големина на китка карфиол беа презентирани од жителите на Нов Дојран.





УХМР најавува дека и утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во ноќта петок кон сабота и во сабота претпладне ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а во понеделник се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневните температури од сабота ќе бидат во опаѓање.