Во екот на скандалот со ФК „Кожуф“ младите средношколци од Гевгелија, ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија денеска на Државното првенство во фудбал за средни училишта докажаа дека Гевгелија има спортски таленти.
Гевгелиските средношколци го освоија ПРВОТО место на Државното првенство. Тие станаа носители на ПОБЕДНИЧКИОТ ПЕХАР и титулата ДРЖАВЕН ПРВАК.
Дома се вратија со Пехар и Диплома како носители на титулата „ДРЖАВЕН ПРВАК“ во фудбал за средношколци!

Ова е остварено денеска на одржаното ДП во фудбал во конкуренција на средни училишта, на терените во Кочани.
На патот до титулата ШАМПИОН екипата на СОУ „Јосиф Јосифовски“ оствари неколку победи.
Во полуфиналето го победија скопскиот тим на СОУ „Методи Митевски-Брицо” со резултат 2 : 0.
Во финалето се соочија со средношколскиот тим од Кочани и во регуларниот термин завршија со резултат 2 : 2, а на пенали резултатот беше во корист на гевгеличани и финалето заврши со 5 : 4 за СОУ “Јосиф Јосифовски“.
Конечниот пласман е следен:
1. СОУ “Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија 🏆🥇
2. СОУ “Љупчо Сантов“ – Кочани 🥈
3. ДСФУ “Фудбалска Академија“ – Битола 🥉
4. ДУФК,,Методи Митевски-Брицо” – Скопје
Кому да честитаме на оваа денешна спортска радост?
Секако на играчите-средношколци во состав: Аврам Боев, Бојан Боев, Роберто Велев, Стефан Ѓорески, Димитар Дуев, Цуклев Петар, Лазар Дучков, Александар Чурлинов, Костадин Линков, Благоја Атанасов, Живко Прочков, Јован Петров, Илија Јованов, Илија Паласкаров, Тодор Пешевски и Ѓорге Чанов.
Ментор на средношколците фудбалери е професорот по спорт Никола Караколев.

Честитки за нашите ДРЖАВНИ ПРВАЦИ!