Компанијата ЛИДЛ, позната по ланец маркети со извонредно богата снабденост објавува потреба од Заменик менаџер на маркет. Локација на позицијата заменик менаџер е за повеќе градови, каде е лоциран „Лидл“.
Лидл постои во 30 земји во Европа и во САД, има 12.200 маркети ширум светот, вработува над 376.000 вработени. Да се биде дел од тимот кој расте е привилегија.
– „Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме.
Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Нашите заменици менаџери на маркет им овозможуваат на нашите потрошувачи уникатно искуство во пазарењето по кое Лидл е познат во над 30 земји! Како заменик менаџер на маркет ќе имаш шанса да се усовршуваш во успешно водење на еден тим кон заедничка цел, како и да ги подобруваш активните процеси кои се одвиваат во еден маркет. Ќе бидеш одговорен за организација на текот на работата, нарачки, прием и управување со залихи, редење и сортирање на производи, планирање на работното време и постигнување на резултати заедно со менаџерот на маркет.
Доколку сте заинтересирани и сакате да аплицирате за работната позиција Заменик менаџер KЛИКНЕТЕ на овој ЛИНК.