понеделник, 12, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

Во домашните маркети црешите се продаваат по 1359 денари за 1 килограм, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130, праските 600 денари

мај 9, 2025
in MАКЕДОНИЈА
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
0
SHARES
549
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари за 1 килограм, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130, праските 600 денари

Граѓаните на социјалните мрежи постираат цени од маркетите, кои се така високи, што наместо купувачи, станале фотографи на енормниот ценовен шок по маркетите.

Related posts

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сезонското овошје, како црешите се продаваат по цена од 1.359 денари за еден килограм.

– „Една цреша, една солза… Јадеш и плачеш 😂😂😂. Уште некое црвче да прошета ќе биде интересно! Тинекс, не сте тачни 😍“ – коментираат загрижените купувачи.

Цена 1.359 дена за 1 kg цреши – Цреши ли се, алт’ни ли се?

Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика шок кај граѓаните.

Во одредени супермаркети, освен црешите загрижуваат високите цени и на другите артикли, праските се продаваат по 600 денари, цитроните за 130 денари 1 кг, а јаболките и бананите – основни артикли во секое домаќинство – надминуваат 100 денари по килограм.

Но, зголемувањето на цените не е ограничено на пример само на овошјето, туку поскапувањата се пресликаа и на основните хигиенски и прехранбени артикли како тоалетна хартија, паста за заби, млеко, масло, јајца и сирење исто така забележаа значителен раст.

Трговците тврдат дека маркетите не се виновни за новите цени. Од таму објаснуваат дека трговците не се носители на ценовниот удар, туку дека тој доаѓа од страна на производителите и увозниците.

Пред да заврши мерката на владата за замрзнување на трговските маржи, во маркетите во Гевгелија крем на марката Нивеа од 150 мл чинеше 183 денари, а оваа недела 355 денари истото пакување со иста грамажа. Мислите ли дека „Нивеа“ чекала да заврши мераката на Владата и да ги покачи цените за 94%, баш оваа недела?

Пред истекот на владините мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите за над илјада основни производи, надлежните од Владата и Министерството за економија најавија засилени инспекции и уверуваа дека нема да дојде до драстичен раст на цените. Сметаа дека пазарот ќе остане стабилен, без поголеми потреси.

Но, реалноста ги демантираше овие оптимистички прогнози – цените скокнаа веднаш по укинувањето на мерките. Сега останува прашањето: дали и какви нови мерки ќе преземе Владата за да им помогне на граѓаните и да го амортизира ударот врз домашниот буџет?

ShareTweetShareSend
Previous Post

ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Next Post

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

Next Post
ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Антонио Каракабаков постигна 2 лични рекорда на Атлетски шампионат во Србија

ВИДЕО: Антонио Каракабаков постигна 2 лични рекорда на Атлетски шампионат во Србија

3 месеци ago
ЈАВЕН  ПОВИК за Субвенции за набавка на велосипед за граѓаните на општина Гевгелија

ЈАВЕН ПОВИК за Субвенции за набавка на велосипед за граѓаните на општина Гевгелија

10 месеци ago
Генералниот директор на МЖ инфраструктура и Д-р Филипче во посета на Железничката станица во Гевгелија

Генералниот директор на МЖ инфраструктура и Д-р Филипче во посета на Железничката станица во Гевгелија

1 година ago
Советот на Општина Гевгелија одобри 300.000 денари за семејството на опожарената куќа во Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија одобри 300.000 денари за семејството на опожарената куќа во Гевгелија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција
  • Mакедонија на Мис на Светот 2025 со убавицата Чарна Невзати
  • ПЕТ награди за средношколците од Гевгелија на Државниот натпревар по биологија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

Јован од Гевгелија по трет пат прогласен за „Најдобар стрелец“ на турнир во Грција

мај 11, 2025
Mакедонија на Мис на Светот 2025  со убавицата Чарна Невзати

Mакедонија на Мис на Светот 2025 со убавицата Чарна Невзати

мај 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist