Националната установа „Музеј“ Гевгелија денеска по повод 9 Мај кога пред 80 години капитулираже фашистичка Германија, иницијаторот и окупаторот во Втората Светска Војна, организираше изложба со наслов „80 години од победата над фашизмот“.
Изложбата се одржа во изложбениот салон „Амам“ Гевгелија каде беа презентирани историски записи, фотографии, оружје, торби, облека и орудија кои датираат и биле употребувани за време на Народноослободителната борба на партизанските сили во Гевгелија и гевгелиско.
На настанот присуствуваа членови на ЗГ „Мобилност“ од Гевгелија за што беше поставен адаптиран приод кон Амамот за лицата со инвалидитет.
Фотографии, партизански строј, партизански колони, револвери, пушки со бајонет и оние украдени од фашистичките војници во борба, сето тоа беше изложено на приказ на посетителите.
Зборовите не беа доволни да се долови нивниот влог за слободата. Доволно е да се сетиме дека 95-те жртви на борци од нашиот крај се впишаа во историјата на антифашистичкиот отпор на Македонија, а борбата на илјаден народ во партизанските одреди и батаљони на територијата на Македонија ја донесоа победата заедно со силите на земјите од антифашистичката алијанса.
За поставката зборуваше кустос историчар Тања Трајковска, вработена во НУ Музеј- Гевгелија.
Сите изложбени експонати се дел од историската збиркана НУ „Музеј“ Гевгелија.
Овој настан е дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.