Атлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија во соработка со ЗГ „Момент плус“ во недела на 11.05.2025 година организираат хуманитарна трка со која ќе се одбележи Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, 5 Мај.
Ќе се трча од с.Прдејци, низ Негорци до центарот на Гевгелија, рута долга околу 10 километри. Оние кои сакаат да истрчат помалку може да се приклучат низ патеката. Стартот ќе биде во 9 часот од Прдејци, а ќе има организиран превоз во 8:30 од паркингот на спортската сала 26-ти Април.
Од гевгелискиот атлетски клуб велат дека е пожелно сите оние кои имаат ПХ маички од минатите години да ги облечат, а тие кои немаат ќе добијат памучни маици бесплатно. Сите учесници ќе добијат финишер медал и бесплатен пијалок во Кафе бар „Дејли“.
Заради организација, потребна е точната бројка на учесници, напоменуваат од АК „7 Ноември“.
Заради тоа препорачуваат „Сите кои планираат да трчат нека се пријават во порака или во коментар“, на Фејсбук групата на АК „7ми Ноември“ Гевгелија.
