Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија денеска учествуваа на Државниот натпревар по биологија што се одржа во просториите на Природно математичкиот факултет во Скопје, прдводени од нивните ментори. Петчлениот тим составен од ученици од прва, втора и трета година имаше успешен настап и постигна одлични резултати, освојувајќи ПЕТ награди.
Пет ученици, дома си доаѓаат со 5 награди, што значи дека настапот на Државното првенство по биологија гевгелиските ученици имаа 100% успешна реализација.
Еве ги наградените со конечните резултати:
1. Теодора Сеизова I год.- ПРВА награда – ментор Магдалена Ангелкова
2. Елена Анчева I год.- ВТОРА награда – ментор Магдалена Ангелкова
3. Андреј Димов II год.- ВТОРА награда – ментор Зорица Лешевска
4. Васил Стоев II год.- ТРЕТА награда – ментор Христина Јовевска
5. Ѓорѓи Новаковски III год.- ТРЕТА награда – ментор Зорица Лешевска.

Честитки за постигнатото на учениците и нивните ментори!