Младите од танцовото студио „Mystic Dance“ од Гевгелија и оваа недела настапува и победуваа.
Освоени се 4-ри ПРВИ места, едно ТРЕТО место и Диплома за истакнато учество. Носителите на победничките медали се следните учесници:
1. Матеа Ѓурановиќ Костадинова – Прво место во категорија „Соло настап“- „Rock Star“
2. Мелани Вацев – Прво место категорија „Street Dance show“ соло настап
3. Мими Чалкова – Прво место, категорија „solo street style“ кореографиј Mantra

4. Ефимија Николовска – ПРВО место Стрит-соло

5. Михаела Крантова – Диплома за успешно учество
6. „Mystic Dance“ – ТРЕТО место во формација сениори до 17 години
Танцовиот натпревар е од меѓународен карактер и истиот се одржа во спортската сала „Парк“ во Струмица, со меѓународни судии за танц од Италија..
Најважно од се’ е што девојчињата покажаа дека го владеат современиот танцов ритам, ги пленија жирито и публиката кои заедно учествуваа во гласањето и дома донесоа 4 ПРВИ награди, една ТРЕТА награда и една Диплома за успешен настап.
Честитки!

