Во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди од Гевгелија, во саботата, 10 мај беше одржан Вториот Меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“.
Учесници на турнир во табла беа членовите на „Мобилност“ Гевгелија во спомен и чест на нивниот долгогодишен член и пријател Марко Лазаров (1954-2024), негови другари, пријатели и познаници од Цела Македонија.
Почесни гости на турнирот беа Претседателот на Параолимписки Комитет на Северна Македонија Г-дин Бранимир Јовановски, Генералниот секретар на НФСРИСМ – ПКСМ, Драган Дојчиноски и претставник од семејството на покојниот Марко Лазаров, неговиот син Лазар Лазаров.
Победник на турнирот е Ванчо Каранфилов од ССРИ Кисела Вода, инаку минатогодишен државен победник на турнир во табла во организација на Националната Федерација за спорт и рекреација на лица со инвалидитет (ФСРИСМ – ПКСМ). Ванчо и носителот на меморијалот Марко Лазаров беа големи пријатели и таблаџии, спортуваа, дружеа заедно на регионални и државни спортски игри за инвалидските здруженија.

Второто место го освои Александар Талески од Дојран, член на КСРИ Гевгелија.

Третото место му припадна на Дејан Алексовски исто од ССРИ Кисела Вода.

Сите добија Диплома за учество, a победникот и посебна награда од организаторот – табла за мајсторот на таблата.
За гостите од Параолимпискиот комитет на Македонија и Националната Федерација за спорт и рекреацијана лица со инвалидност беа доделени Благодарници.

Марко Лазаров од Богородица роден 1954 беше член на „Мобилност“ Гевгелија, воедно и претседател на Здружението за Спорт и Рекреација на инвалиди од самото основање во 2009 г. до почетокот на 2024г. Почина минатата година во август, по кратко боледување. Во негова чест прв пат се одржа Меморијален турнир во табла лани по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, во организација на Здружението за Спорт и Рекреација на Инвалиди Гевгелија.
Годинава традицијата продолжува, се рекреира и дружи со таблата, омилената забава на Марко која прераснува во спортски Меморијал и традиција во Гевгелија.

Честитки за победниците на турнирот и им посакуваме уште спортувања, уште дружења и сеќавања за своите членови!
