вторник, 13, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

Учесници на турнир во табла беа членовите на „Мобилност“ Гевгелија во спомен и чест на нивниот долгогодишен член и пријател Марко Лазаров (1954-2024)

мај 13, 2025
in ФОКУС
Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“
0
SHARES
104
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди од Гевгелија, во саботата, 10 мај беше одржан Вториот Меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“.

Учесници на турнир во табла беа членовите на „Мобилност“ Гевгелија во спомен и чест на нивниот долгогодишен член и пријател Марко Лазаров (1954-2024), негови другари, пријатели и познаници од Цела Македонија.

Related posts

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

мај 13, 2025
ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

мај 12, 2025

Почесни гости на турнирот беа Претседателот на Параолимписки Комитет на Северна Македонија Г-дин Бранимир Јовановски, Генералниот секретар на НФСРИСМ – ПКСМ, Драган Дојчиноски и претставник од семејството на покојниот Марко Лазаров, неговиот син Лазар Лазаров.

Победник на турнирот е Ванчо Каранфилов од ССРИ Кисела Вода, инаку минатогодишен државен победник на турнир во табла во организација на Националната Федерација за спорт и рекреација на лица со инвалидитет (ФСРИСМ – ПКСМ). Ванчо и носителот на меморијалот Марко Лазаров беа големи пријатели и таблаџии, спортуваа, дружеа заедно на регионални и државни спортски игри за инвалидските здруженија.

Диплома за Прво место и награда Табла за Победникот Ванчо

Второто место го освои Александар Талески од Дојран, член на КСРИ Гевгелија.

Второ место Александар Талески од Дојран

Третото место му припадна на Дејан Алексовски исто од ССРИ Кисела Вода.

Освојувачите на првите три места од турнирот заедно со синот на именосецот на Меморијалот

Сите добија Диплома за учество, a победникот и посебна награда од организаторот – табла за мајсторот на таблата.
За гостите од Параолимпискиот комитет на Македонија и Националната Федерација за спорт и рекреацијана лица со инвалидност беа доделени Благодарници.

Претседателот на КСРИ Гевгелија Никола Пеев, доделува Благодарница на Лазар Лазаров, син на именосецот на Меморијалот

Марко Лазаров од Богородица роден 1954 беше член на „Мобилност“ Гевгелија, воедно и претседател на Здружението за Спорт и Рекреација на инвалиди од самото основање во 2009 г. до почетокот на 2024г. Почина минатата година во август, по кратко боледување. Во негова чест прв пат се одржа Меморијален турнир во табла лани по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, во организација на Здружението за Спорт и Рекреација на Инвалиди Гевгелија.
Годинава традицијата продолжува, се рекреира и дружи со таблата, омилената забава на Марко која прераснува во спортски Меморијал и традиција во Гевгелија.

Победникот Ванчо Каранфилов и именосецот на Меморијалот во табла Марко Лазаров

Честитки за победниците на турнирот и им посакуваме уште спортувања, уште дружења и сеќавања за своите членови!

Претседателот на КСРИ Гевгелија Никола Пеев и Марко Лазаров на табла-турнир во Тетово во 2022г. (архива)
ShareTweetShareSend
Previous Post

ФФМ отвори постапка за нарушување на интегритетот на натпреварот Кожуф – Башкими

Next Post

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

Next Post
Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава и притвор за жител на Гевгелиско

Приведен жител на Негорци

2 години ago
Денеска е Меѓународен ден на среќата!

Денеска е Меѓународен ден на среќата!

2 години ago
Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

2 години ago
ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

ПРВО место за екипата од Кочани на Регионалниот натпревар по прва помош одржан во Гевгелија

1 ден ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание
  • Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“
  • ФФМ отвори постапка за нарушување на интегритетот на натпреварот Кожуф – Башкими

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

мај 13, 2025
Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

мај 13, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist