петок, 27, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

ФФМ отвори постапка за нарушување на интегритетот на натпреварот Кожуф – Башкими

Оддел за безбедност и интегритет при Фудбалската Федерација на Македонија излезе со соопштение дека донесе одлука за Отворање постапка за нарушување на интегритетот на натпреварот Кожуф - Башкими, што се одигра на 6 мај годинава на Градскиот стадион во Гевгелија

мај 13, 2025
in СПОРТ
ФФМ отвори постапка за нарушување на интегритетот на натпреварот Кожуф – Башкими
0
SHARES
652
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренува постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025.

Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф, Ф.К. Кожуф;

Related posts

Историски настап на Македонските атлетичари на ЕП во Словенија

Историски настап на Македонските атлетичари на ЕП во Словенија

јуни 26, 2025
Голгетерско торпедо – Димитар Узунчев од Гевгелија во ТОП 10 стрелци на Мундијалот

Голгетерско торпедо – Димитар Узунчев од Гевгелија во ТОП 10 стрелци на Мундијалот

јуни 23, 2025

Постапката се темели на досега добиените писмени изјаснувања и доставената релевантна документација и податоци од наведените лица (тренери, фудбалери, службени лица на клубот), како и од официјалните лица на натпреварот (судии, делегат, контролор на судии, комесар за безбедност).

Во писмените, своерачни изјаснувања, дел од фудбалерите посочуваат конкретни лица за кои тврдат дека дале инструкции, или наредби во врска со исходот од натпреварот.

Паралелно, Основното јавно обвинителство – Гевгелија преку Министерсто за внатрешни работи (МВР) побара доставување на целокупната документација поврзана со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ, заради водење на истражна постапка во рамки на своите законски надлежности.

Напоменуваме дека постапката во овој момент се однесува на наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена и на други лица и субјекти доколку во понатамошниот тек на постапката бидат обезбедени дополнителни сознанија или докази што упатуваат на нивна вклученост.

Случајот не е затворен и Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот.

ФФМ и Одделот за безбедност и интегритет остануваат цврсто посветени на заштитата на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжат со целосна соработка со сите надлежни институции за целосно расветлување на случајот, се вели во соопштението на ФФМ.

Бидејќи постапката се води за нарушувањето на интегритетот на натпреварот „Кожуф“ – „Башкими“ засега недостасуваат дејствија против „Башкими“, но можеби тие се се’ уште дел од истрагата и конкретно со име не утврдени. Истражната постапка продолжува.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ШЕСТ награди за „Mistyc Dance“ од Гевгелија на „Artist Hub Dance Competition“

Next Post

Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

Next Post
Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

Одржан Вториот меморијален турнир во табла „Марко Лазаров“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелиските шахисти се изборија за бараж за Прва Лига

Гевгелиските шахисти се изборија за бараж за Прва Лига

2 години ago
ВИДЕО:  Орден за заслуги на актерски доајени и „К-15“ од Претседателот Пендаровски

ВИДЕО: Орден за заслуги на актерски доајени и „К-15“ од Претседателот Пендаровски

2 години ago
Второ место за Кавазов, Трето место за Велков на меѓународен ШТ во Кр.Паланка

Второ место за Кавазов, Трето место за Велков на меѓународен ШТ во Кр.Паланка

9 месеци ago
Елка на надежта во разурнатата Украина

Елка на надежта во разурнатата Украина

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град
  • Распределени 19 социјални стана во Гевгелија
  • Пораст на странските посетители во Македонија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

јуни 27, 2025
Распределени 19 социјални стана во Гевгелија

Распределени 19 социјални стана во Гевгелија

јуни 27, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist