ЕВН Македонија известува за планиран прекин на електрична енергија поради изведба на неопходни електро-сервисни зафати на подрачјето на општина Гевгелија.
Прекинот е предвиден за недела, 18 мај 2025 година и ќе ги опфати: градот Гевгелија и сите села, Граничниот премин Богородица, вклучувајќи ги и корисниците лоцирани на патот се’ до Граниниот премин.
Прекинот ќе започне од 03:00 часот се’ до 11:30 часот кога е предвидено да завршат електро-сервисните зафати.
Целиот прекин во електроснабдувањето на Гевгелија ќе трае осумипол часа.
Подгответе се за ладно утринско кафе.
Од 17 КЕЦ на ЕВН Македонија, во недела на 18 мај само во општина Гевгелија е предвиден прекин на електричната енергија.
Од ЕВН известувањето го испраќаат со цел граѓаните и фирмите кои се тој ден активни, да ги прилагодат своите активности со недостатокот на електроснабдување во тој термин.
Направете ја неделата Ваша, испланирана и без нервозен почеток на денот без струја.