Традиционално и оваа година во изведба на матурантите од СОУ ” Јосиф Јосифовски” Гевгелија, генерација 2021/25 се изведе матурски танц со музика од операта „Лилјкот“ на Штраус.
Се играше познатиот квадрил, одмерено и отмено, како во кралските сали некогаш, но со разиграноста на новите генерации.
Се играше танцот на полнолетството, зрелоста, отворениот и слободен живот, на љубовта и напредокот.
Пред почетокот на танцовата матурска парада на присутните им се обрати Александар Делиџаков, директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ и им посака животот да им биде полн со музика, љубов и пријателства. Тој им посака многу среќа и успех на матурантите по заминувањето од средношколските клупи и со радост да ги остварат своите животни соништа.
Матурската танцова парада после квадрилот продолжи со оро на песната “Бисер Балкански”, заиграа денеска гевгелиските матуранти од СОУ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија.
Овде растеа, овде пораснаа, матурираа, на ова земја Бисер Балкански заиграа за да зачекорат смело во новото живогно поглавје на зрелоста, мудроста, студирањето, напредокот и успехот.
На орото им се придружија и професори и дел од публиката, поради радоста и песната која не остава никого рамнодушен.
Настанот се одржа точно на пладне во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, поради временските прилики и обилните врнежи од дожд. Танцовите изведби ги следеше бројна публика. Традиционално годиниве наназад ова е јавна промоција на матурантите која секогаш се изведуваше во центарот на Гевгелија, на прекрасен сончев ден. Денеска сонцето го немаше но радоста беше голема.
Матуранти, СРЕЌНО и УСПЕШНО!!!