Денеска на патеката кај Негорските минерални Бањи се одржа традиционалната трка во три натпреварувачки дисциплини, возење велосипед, трчање и совладување препреки, познат како „Гевгелиски Велотлон“.
На патеката долга 5.600 метри најдобро време постигна Влатко Семенаков, спортист, атлетичар, велосипедист, спортски тренер и професор по спорт од Гевгелија.
Тој освои ДВЕ ПРВИ места:
– ПРВ во Генерален пласман за што доби победнички Пехар и
– ПРВ со најдобро постигнато време во возење велосипед, препреки и трчање со време од 19:10 минути..
Втор на целта пристигна Оливер Цекрлиќ.
Организатори на спортскиот настан кој стана традиционален вело-настан во Гевгелија се ГТК – Гевгелија Точак Клуб и Авто Мото Друштво „Дичо Панов“.


