Од утре 19 мај (понеделник) па се’ до петок 23 мај 2025 ЕВН Македонија најавува прекин во снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите од Гевгелија и повеќе населени места во општина Гевгелија и Валандово кои се снабдуваат со електрична енергија со системите на КЕЦ Гевгелија.
Вкупното време на исклучување ќе изнесува 25 часа во текот на петте работни дена во неделата.
Исклучувањето е најавено по следниот работен распоред на екипите на ЕВН, а прекин на електрична енергија ќе имаат потрошувачите од следните градски региони и населени места:
1. На 19.05.2025 (понеделник) – прекин ќе има на крак од ул. „Слободан Митров Данко“ Гевгелија, сокак позади „Ролпласт“ и „Спринт Трејд“, во термин од 10:00 ч. до 13:00 часот;
2. На 20.05.2025 (вторник) – Планиран прекин во с.Петрово, сите корисници од селата Петрово, Габрово во термин од 07:30 ч. до 14:00 часот;
3. На 21.05.2025 (среда) – Планиран прекин во с.Башибос и корисниците од селата Прстен, Дурутли, Куртамзали и Башибос, во термин од 07:30 ч. до 14:00 часот. Овие населени места се територијално на општина Валандово, а се напојуваат со електрична енергија преку КЕЦ Гевгелија;
4. На 22.05.2025 (четврток) – Планиран прекин во с.Смоквица, с.Милетково, Бензински пумпи Смоквица, Каменолом Прдејци, „Ботаник“ во термин од 09:50 ч. до 14:00 часот; и
5. На 23.05.2025 (петок) – Планиран прекин во с.Милетково сите корисници од селото во термин од 09:50 ч. до 14:00 часот.
Од ЕВН известуваат дека планираните прекини се реализираат согласно однапред утврдени планови за реконструкција и модернизирање на мрежата, но можни се отстапувања од предвидените временски рамки во зависност од сложеноста на зафатот и условите на терен.
Прилагодете ги вашите работни обврски спрема најавениот прекин во електроснабдувањето за да немате штети во работата, или напразно да го изгубите планираниот ден со нервоза очекувајќи „кога ќе дојде струја“