Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска победа на гостувањето кај АЕК Атина (25-29) во рамки на првиот дуел во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ
Македонскиот РК „АЛКАЛОИД“ го победи АЕК „Атина“ среде Атина на првиот финален натпревар за ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП 2024/25.
Македонските стрелци упатија 29 гола во мрежата на Атина, а примија 25. Со оваа предност ќе играат финален натпревар.
Младите момчиња на Кирил Лазаров одново покажаа карактер. Македонските ракометари не подлегнала на притисокот на 9000-та публика во Грција.
Најефикасен играч во таборот на Алкалоид беше Мартин Сефаримов со шест погодоци, а „пет од пет“ имаше Франциско Да Силва. Голем удел во овој триумф имаше голманот Иван Галевски кој фати пет пенали и вкупно девет интервенции, додека двоцифрен со десет одбранети удари беше Марко Кизиќ.
Алкалоид славеше со четири гола разлика, па на реванш натпреварот во Скопје следната седмица ќе се бори за трофејот.
Пехарот од ова европско натпреварување ќе се додели во Скопје на 24/25.05.2025 на вториот финален натпревар. Нашите рекометни торпеда дома ќе играат за титула во ЕХФ Купот!
Секоја чест дечки. Гордост сте!