Во саботата, на 17.05.2025 во 13:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Т.(20) од Гевгелија.
При преглед на патничко возило „Мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, која е пронајдена и одземена.
После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.