Во неделата во центарот на Богданци се одржа уште едно издание на традиционалната манифестација „Фестивал на дивата смоква“ во организација на Здружението Еко-Росалес, кое годинава одбележа 15 години постоење.
На фестивалот освен традиционалното слатко од диви смокви на посебни штандови беа понудени производи од локални производители, млечни производи, мед, домашни изработки. Се славеше заедништвото, природата и сплотеноста меѓу жителите на Богданци и гостите изложувачи од други општини.
Дивата смоква е вековен плод кој опстојува на јужното поднебје, а како посебен слаткарски деликатес претставува симбол на гостопримството во домаќинските куќи, а на фестивалот имаше симбол на целата манифестација која се одржа во Градскиот парк во Богданци.
Освен локалните вкусови за посетителите на фестивалот имаше и подготвена и културна програма во изведба на локални изведувачи. Настапија КУД „Бранд Петрушев“, Пејачката група на Здружението на пензионери од Богданци, Валери и Александар, Слободанка Арнаудова, Ице Горичев, „Свит Денс“, „Трио Форте“ и ЗКУД „Мегдан“.
Ова е дел од настапот на танцовото студио „Свит Денс“ од Богданци.
Фестивалот се организира со поддршка од Slow Food Macedonia и Општина Богданци.


