Центар за поддршка на згрижувачки семејства разви иновативна програма за поддршка на згрижувачки семејства кои обезбедуваат стабилна и квалитетна грижа за децата без родители и родителска грижа и нивна заштита.
Оваа програма функционира од 2021 година со лиценца и овластување од Министерство за труд и социјална политика. До сега преку оваа програма функционираат 64 згрижувачки семејства во насока да создадат безбедно и сигурно опкружување за вкупно 150 деца и млади, за тие да можат да растат, да се развиваат и да го остварат својот полн потенцијал.
Со намера да ја прошират можноста за згрижување на децата без родители во семејни услови, а не во Дом за деца без родители, Центарот организира бесплатна обука за згрижувачи во која посетителите на обуката ќе се стекнат со сертификат за згрижувач.
Што добивате уште доколку одлучите да станете згрижувач, ова се условите:
БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ЗГРИЖУВАЧИ!
🔹 Добијте сертификат
🔹 Регистрирајте се како давател на услуга
🔹 Обезбедете надоместок од 20.000 денари по дете месечно
🔹 Добивате стручна помош и поддршка
Ако сакате да помогнете на деца и притоа да изградите хумана и стабилна професија – ова е вашата шанса!
📅 Рок за пријавување: 20.05.2025 год.
Обуката ќе се изведува во општините од Југоисточен регион: Гевгелија, Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Радовиш, Ново село, Босилово, Василево и Конче.
Заинтересираните може да се пријават на 📞 075 – 277 – 447