вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СВЕТ

Историски пресврт: ЕУ ќе го преиспита договорот за соработка со Израел

Гладот во Газа најавува хуманитарна катастрофа - Израел ги запре испораките на хуманитарната помош кон Газа и додека народот во Газа гладува премиерот Нетанјаху започна нова воена офанзива во енклавата

мај 21, 2025
in СВЕТ
Историски пресврт: ЕУ ќе го преиспита договорот за соработка со Израел
0
SHARES
36
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Европската Унија ќе го преиспита договорот за политичка и економска соработка со Израел поради влошената хуманитарна состојба во Газа, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, по состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, објави Ројтерс.

Притисокот врз израелската влада се засили откако се појавија поплаки за недостиг од хуманитарна помош во Газа, додека владата на премиерот Нетанјаху започна нова воена офанзива во енклавата.

Related posts

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

јуни 22, 2025
Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

Околу 2.000 луѓе во Израел останале без покрив над главата

јуни 17, 2025

Калас изјави дека „силно мнозинство“ од министрите поддржале иницијатива за ревизија на договорот за асоцијација со Израел, со акцент на неговото почитување на клаузулата за човекови права.

Според дипломати, 17 од 27 земји-членки ја поддржале иницијативата, која ја предложил холандскиот министер за надворешни работи, Каспар Велдкамп.

Хуманитарна помош во Газа нема ни за леб

Причината за оваа иницијатива е фактот што Израел, од почетокот на март, речиси целосно го блокира доставувањето хуманитарна помош во Појасот Газа, каде што живеат околу 2 милиони Палестинци. Израел своите постапки ги оправдува со тврдењето дека исламистичката група Хамас има корист од тие пратки.

– Ситуацијата во Газа е катастрофална – рече Каја Калас во Брисел.
Иако неодамнешните дозволи за ограничени хуманитарни пратки се поздравени, тие се недоволни и се опишани како „само капка во океанот“.

Видео на „Ал Џезаира“ – Палестинецот Самир е инвалид во количка, плаче и вели „Барам само леб. Немам јадено три дена ништо“. Тој седи во инвалидкста количка на улица каде луѓе панично бараат храна од добротворна кујна, но тој не може ниту да се приближи во толпата која бара храна. Поради блокадите на хуманитарната помош од Израел кон Газа народот таму се соочува со екстремен глад.

Кризата со храна во Газа се продлабочува – суров потсетник за растечката хуманитарна криза.
Обединетите нации предупредија дека стотици илјади жители на Газа се соочуваат со катастрофален глад. Со проширувањето на нападот на Израел, постои загриженост дека ситуацијата во Газа само ќе се влоши.
Главниот странски дописник на ABC News, Иан Панел, известува од Газа.

Додека Газа моли за храна Израел изврши нов напад.
Цивилната заштита на Појасот Газа, која е управувана од Хамас, денеска објави за 19 загинати во израелските воздушни напади врз енклавата, додека Израел упорно се обидува да го уништи исламистичкото движење и да ги спаси преостанатите заложници, киднапирани пред 20 месеци.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Aнтонио Каракабаков освои ДВА МЕДАЛА на Државно првенство во атлетика

Next Post

Дојран се уредува за претстојната туристичка сезона

Next Post
Дојран се уредува за претстојната туристичка сезона

Дојран се уредува за претстојната туристичка сезона

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ на Златна Бубамара 2023

ВИДЕО: „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ на Златна Бубамара 2023

2 години ago
Снег падна во Словенија

Снег падна во Словенија

9 месеци ago
Пријавено физичко насилство во Гевгелиската Болница

Пријавено физичко насилство во Гевгелиската Болница

7 месеци ago
Втор Интернационален карате турнир во Дојран

Втор Интернационален карате турнир во Дојран

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот
  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist