Неделава се одржа Државен натпревар по природни науки на кој 13 учесника од општинските училишта од Гевгелија освоија вкупно 12 награди и една Пофалница. Од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија освоија вкупно шест високи пласмани и награди и едно ПРВО место.
Носител на ПРВОТО место е НИКОЛА ПАНДЕВ – ученик од 5 одд. – кој освои ПРВА награда;
На Второ место по знаење од природните науки за иста возраст 5-то одделение се пласираше АНАСТАСИЈА ПРОЧКОВА – ученичка од 5 одд. – која освои ВТОРА награда;
На трето место во истата категорија ученици од 5 одд. се пласираше НИНА ЗАФИРОВА – ученичка од 5 одд. – која освои ТРЕТА награда;
Ментор на наградените ученици е Гордана Делиџакова.
Од учесниците на натпреварот од ООУ „Крсте Мисирков“ освоени се уште три награди, и тоа:
– Борјана Петкова – 4в – ТРЕТА награда;
– Стефан Лешев – 4в- ТРЕТА награда;
Ментор: Наташа Смилкова
– Клара Трикиќ – 4д – трета награда;
Ментор: Елизабета Митрова

Државниот натпревар по природна науки се одржа во просториите на Природно математичкиот Факултет во Скопје, на 18 мај, во неделата. На истиот учествуваа ученици од основните училишта во државата. Конкуренцијата висока, а високи се и резултатите на гевгелиските ученици од „К.Мисирков“ – ШЕСТ учесници освоија ШЕСТ награди: една ПРВА, една ВТОРА и 4-ри ТРЕТИ награди.
– „Посветеноста, љубопитноста и љубовта кон науката резултираа со овие успеси, кои се доказ дека трудот и љубовта кон учењето секогаш вродуваат плод. Браво за нашите ученици, посакуваме натамошни успеси“ – ваква честитка упатија од училиштето до наградените ученици.
Честитки за наградените ученици!
На истиот натревар награди освоија и пет ученика од ООУ„Владо Кантарџиев“ од Гевгелија:
1. Јован Василев – ПРВА награда – IV одд.
2. Никола Стојанов – ПРВА награда – IV одд.
3. Сара Димова – ВТОРА награда – IV одд.
Ментор: Лидиј Лазова
4. Матеј Миленковски – ТРЕТА награда – V одд.
5. Ѓорѓе Папучиев – ВТОРА награда – VI одд.
6. Маглена Котев – Пофалница – VI одд.
Ментор Елизабета Јаневска
Честитки и за нивниот успех!
Најголем број бодови на натпреварот по природни науки за IV одд. постигна ЈОВАН ЈОВАНОВ од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци. Тој освои 39 од вкупно 45 пропишани бодови, и со тоа е ДРЖАВЕН ПРВАК по природни науки за својата генерација ученици 4-то одделенци.
Ментор е наставничката Елизабета Јаневска.
Честитки за најмалиот ПРВАК од нашата општина Јован Јованов!
