На 22.05.2025 во 20.30 часот во село Марвинци, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.А.(34) од село Марвинци.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, шприц и мало шише исполнети со течност.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против К.А. ќе биде поснесена соодветна пријава.
Истиот ден изутрината, на 22.05.2025 во 09:30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Инаку, од безбедносниот Билтен на МВР јавуваат дека полициски службеници соноќа привеле и возач од Охридско со присуство на 2,10 промили алкохол во крвта, и возач од Кавадарци со рекордни 3,05 промили алкохол во крвта. И двајцата се приведени во ноќните часови синоќа.