Вака денеска одлучи комисијата при Сојузот на пензионерите на Македонија. Со тоа Пејачката група на ЗП од Гевгелија се пласира за настап на Државниот натпревар „Ревија на песна, музика и игри на пензионерите од Македонија“ за 2025.
Тие добија ПРВА награда за севкупен уметнички настап.
Изборот на песните им беше пред се’ од народниот фолклор, „Зурли трештат на сред село“ за „старо аро“ кое сакало да се фати на оро, севдалинките „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ангелино, мало моме“…
Заедно со честитката за победниците Ви испорачуваме и една песна од трите наградени изведби за севкупен музичко-фолклорен настап на гевгелиските пензионери со севдалинката „Ангелино, мало моме“ во изведба на Владо Тасев, песната која собра најмногу аплаузи од публиката во Домот на културата „Иван Мазнов Климе“ во Кавадарци.
Уживајте!