Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.
Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“.
Браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.
Нивното дело е вкоренето во националната и културната историја на нашата држава.
Создавајќи ја првата азбука – глаголицата, продолжена од нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, била создадена кирилицата, која е основата за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.
Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни’ го оставија.
По тој повод вчера и денес се реализираа празнични чествувања и свечени литургии во црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Ова е дел од празничниот настап на ФА „Бојмија“ во дворот од црквата „Св. Кирил и Методиј“ Гевгелија,
Децата во училиштата креираа честитки по повод празникотсо ликовите на Светите браќа просветители, со буквите од нивната глаголица, со песнички посветена на нивното животно-просветно дело.
– „Вашите ликови светли никогаш нема да згинат, азбука Вие му дадовте на целиот славјански род“ – порачуваа децата од II одд. од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци
Честит празник! Честит именден на именосците на овие славни браќа рамноапостоли!
За многу години Свети Кирил и Методиј, браќата кои нѐ описменија!
Честитката Ви ја испорачуваме со древниот звук на македонската гајда и најмалиот гајдаџија.