Во времето на Титова Југославија, денешниот ден 25 мај се одбележуваше како Ден на младоста.
Карактеристично за празникот беше Штафетата на младоста која претходно поминуваше низ повеќето градови ширум републиките во состав на СФРЈ носена од илјадници младинци и од рака во рака поминуваше траса долга 9.000 километри. Започна во победничката 1945 година, заврши 1988 година.
Во тој период редовно „Штафетата на младоста“ поминуваше и низ Гевгелија. Ја дочекуваа војници, припадници на ЈНА, ја превземаа младинци, ученици и редовно на свечена бина во центарот на Гевгелија се читаше „Поздравно писмо“ со честитки за роденденот и долг живот упатени до Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито.
На фотографијата гледаме 50 годишна историја – младинецот Ангел Алчинов во друштво на други напреди младинци ја носи штафетата со трк низ Гевгелија. Денес тој е секретар на Здружението на борците на Гевгелија и поддржувачите на НОБ од Гевгелија.
Честит празник младино, на тие кои се сеќавате на овој ден и убавината на тоа време.
