Со мотото „Сите за Кочани трчаме заедно“ денеска се одржа хуманитарна доброволна трка во Струмица на која учество зедоа и најмалите членови на „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
И на дождот, и по мократа стаза, 5-те километри траса не ги поколеба нашите млади атлетски надежи, вкупно 15 на број, под менторство на тренерот Влатко Семенаков, да учествуваат на хуманитарниот спортски настан за поддршка на младите жртви и настраданите во несреќата во Кочани,
На трасата од 5 километри истрчаа: Божидар Цицмиловиќ, Петар Пајдаков, Горан Семенаков, Мими Бицанин, Филип Пајдаков, Клара Костадинова, Живко Костадинов, Драги Итов, Сани Петкова, Добрилка Семенакова, Костадин Семенаков, Љубиша Томиќ, Катерина Петрова, Ана Марија Кузмановиќ и Теодор Митев.

Успехот е истрчаната траса, дадената поддршка за Кочани, солидарноста која на овој начин ја споделуваат нашите млади атлетски надежи.

Инаку, Даниела Велинска беше најбрза кај жените на денешната трка „Сите за Кочани“.

Во конкуренција на мажи први на Целта пристигнаа Столе Ангеловски, Михаил Ников и Горан Стојанов, кои заедно во духот на солидарноста влегоа на целта на маратонот „Сите за Кочани“ што денеска се трчаше во дождливата Струмица.

Струмица, и гевгеличани, денеска трчаа за Кочани!
Солидарно за Кочани денеска трчаа над 3.000 граѓани од седум градови на хуманитарната трка одржана по повод Денот на Европа. Настанот беше организиран во спомен на 62-те жртви од пожарот во Кочани и за поддршка на повредените.
Трки се одржа во Скопје, Струга, Битола, Тетово, Струмица, Велес, и Крива Паланка.
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, истакна дека настанот е порака на солидарност.
Средствата собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст за помош на заедницата во Кочани.