Младите атлетичарки од АК „7 Ноември“ од Гевгелија Дона Гетева и Танкица Стојанова вчера, недела, учествуваа на две хуманитарни добротворни трки:
– едната е трката на „Зегин спектратон – Трка на херои во сите бои“ наменета за здруженија и клиники кои работат со деца со аутизам, а
– другата е Хуманитарната трка за Кочани, во знак на солидарност со настраданите и повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
За еден ден, дожлив, ден недела, двете девојки од југот истрчаа две трки, во период од само два часа, со должина од 2 х 5.000 метри.
Трката на Зегин на траса од 5 км ја истрчаа за време од 27:46 минути, резултат на Дона и време од 32:50, резултат на Танкица.

Истиот ден настапија и на трката на Водно што се трчаше во знак на солидарност за Кочани и овде истрчаа 5 километри, должинска траса.
Ден дожлив, ден добротворен, ден исполнет со дарежливост од овие наши девојки од југот, жителки на Струмица, а членки на гевгелискиот атлетски клуб „7 Ноември“, атлетичарки-хуманитарки!
Насмевките кажуваат колку се среќни со подрената добрина за болните, повредените, настраданите за и тие да имаат можност да оздрават и да живеат среќно!
Браво Дона! Браво Танкица!