Малата 10 годишна атлетичарка од Гевгелија Ана Бегова неделава учествуваше на трката „Зегин спектратон – Трка на херои во сите бои“ и овде во конкуренција на деца го освои ТРЕТОТО место.
Таа настапи на трасата од 300 метри, беше единствено дете учесник на трката од „Школата за атлетика“ при АК „7 Ноември“ и успеа да освои подиум. Еве ја во моментот на прогласувањето на освоеното трето место како се искачува на подиумот и прима награда.
Ана е девојче на 10 годишна возраст, ученичка во петто одделение во ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија, но и активен ученик-спортист во „Школата за атлетика“ при Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија. Активна е во натпреварувачките настани во државата и во соседството и секој пат се враќа со медал за освоен подиум. Девојче што не знае дазаостане, туку само да победува.
Трката „Зегин спектратон – Трка на херои во сите бои“, е хуманитарна. Сите котизации на учесниците, а ги имаше 1.500 атлетичари, се наменети за донација на деца со аутизам. Во неделата беа собрани над 60 000 евра, кои ќе бидат донирани за помош на здруженија и на клиники кои се грижат и работат со дечиња со аутизам.