петок, 6, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија

Отворена изложба и промоција на Монографијата „Борис Петров - 70 години ликовно творештво“

мај 27, 2025
in МОЗАИК, ФОКУС
Ликовен и творечки јубилеј – 70 години уметнички запис на академскиот сликар БОРИС ПЕТРОВ од Гевгелија
0
SHARES
152
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Еден професионален живот на просечен човек трае 35 до 40 години, но кај уметниците тој нема граници, креацијата продолжува да се излева и надвор од работното време, станува начин на изразување, станува уметничко општење со публиката на која е наменета.

Таков инспиративен гејзер од творештво и ликовно општење со животот од поднебјето на југот во изминатите години остварува академскиот сликат Борис Петров од Гевгелија кој зад себе испишува 70 години уметничко творештво.

Related posts

Духовденска задушница – спомен за починатите

Духовденска задушница – спомен за починатите

јуни 6, 2025
Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

јуни 5, 2025

Во чест на својот јубилеј тој во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ реализираше изложба за своите сограѓани, која се одржа на денот на Светите браќа просветители Кирил и Методиј. Како никогаш до сега, изложбениот простор на х.Аполонија не беше доволен за целата изложбена поставка од 100 уметнички дела, па тие го зафатија и холот на хотелот, а публиката уживаше во една колоритна прошетка од сликарските техники и фази на изразување на уметникот Петров.

 

За ваков акумулиран и плоден творечки живот достојно претставување на изложбата искажаа Климе Коробар, историчар на уметноста и Бобан Хусеновски, археолог и кустос-советник од НУ „Музеј“ Гевгелија, кои ја нагласија посветеноста, оригиналноста и уметничкиот печат на топлиот југ во творештвото на Петров. На тој начин не само што неговото уметничко око ја впиваше убавината од родниот крај, туку прикажувајќи ја на своите платна Гевгелија и регионот во пошироки рамки, ликовно го претставуваше на своите домашни и меѓународни изложби и на тој начин придонесуваше во културниот развој и промоција на регионот.

Изложбата содржи дела и од мал формат

На настанот беше промовирана Монографијата „Борис Петров – 70 години ликовно творештво“ која претставува значаен документ за уметничкиот пат на Петров, содржи богат визуелен и текстуален материјал за неговите најзначајни дела, стилски еволуции, реализирани изложби, лични размисли за уметноста, како и сведоштва и записи за неговото влијание во уметноста.

Монографија, корица

Академскиот сликар Борис Петров е предвоена генерација, роден во Гевгелија во 1935 година. Сликарство завршил во Училиштето за применета уметност во Скопје, во класата на реномираниот македонски уметник Лазар Личеновски и Педагошка академија, отсек Сликарство во Скопје. По враќањето во Гевгелија, кратко време работи како наставник по ликовно воспитување во Валандово, а од 1958 година работи како ликовен педагог во ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, сè до своето пензионирање. Член е на ДЛУМ од 1969 година и важи за мајстор на македонскиот топол колорит, а неговата инспирација е поднебјето под кое живее и твори. Својата прва самостојна изложба ја имал во Гевгелија во 1959 година. Во неговото 70-годишно ликовно творење има одржано бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство. И денес, во својата 90 година од животот сè уште твори и учествува на ликовни и културни манифестации.

Борис Петров со уживање разговара со посетителите на својата изложба

Посетеноста на изложбата и промотивниот настан посветен на Монографијата на Петров покажа „што значи да си најстар уметник во општината и по години, и по стаж, и по уметничко творештво.  – тоа значи бројна посетеност, почит и респект кон уметникот, учителот, специјалистот на уметничкиот израз на топлината на југот.

Ако не ви е доволен овој запис, можете да ја посетите изложбата во галерискиот простор од х.Аполонија, да ги впиете златните сончевини од неговите платна, езерските далги од Дојран, зрелите овошја од југот, или можеби и да се почестите со едно сликарско платно од раката на акумулираните 70 години уметничко совршенство.
Ќе имате на сакано месо во домот 70 години уметничка историја од Борис Петров, уметник кој со годините не запира да твори, туку зрее, создава, слика и остава уметност која трае и е белег на Гевгелија.

Честит јубилеј Маестро!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Дона и Танкица од АК „7 Ноември“ Гевгелија – атлетичарки хуманитарки

Next Post

Тодор Анчев – ТРЕТО место на трка во Кукуш, Грција

Next Post
Тодор Анчев – ТРЕТО место на трка во Кукуш, Грција

Тодор Анчев - ТРЕТО место на трка во Кукуш, Грција

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгелија мами на шетање

Гевгелија мами на шетање

3 години ago
Мароко ја победи Португалија на СП 2022 – Роналдо во солзи

Мароко ја победи Португалија на СП 2022 – Роналдо во солзи

2 години ago
Голманската легенда на Гевгелија, Гелебешев ќе живее со фудбалски Меморијал

Голманската легенда на Гевгелија, Гелебешев ќе живее со фудбалски Меморијал

2 години ago
ВИДЕО: Планински вргањ од Кожуф

ВИДЕО: Планински вргањ од Кожуф

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко
  • Духовденска задушница – спомен за починатите
  • Приведен гевгеличанец, пронајдена дрога

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

Невреме столчи 10-ци хектари под пластеници во струмичко

јуни 6, 2025
Духовденска задушница – спомен за починатите

Духовденска задушница – спомен за починатите

јуни 6, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist