Денешниот ден за една млада гевгеличанка започнал со физичко насилство кое го доживеала од својот сопруг. Таа го пријавила случајот во полиција.
Во полицискиот билтен на МВР стои наведено следново:
На 27.05.2025 во 00:30 часот во Полициската станица Гевгелија, 33-годишна жена пријавила дека на 26.05.2025 околу 00.00 часот во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во денешниот полициски билтен на МВР евидентирани се уште пет случаи на физичко насилство во Скопје, во Ѓорче Петров и агрeсивно однесување кон мајка во струмичко.
На 26.05.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 13:30 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35), а исто така и нејзин родина Б.„Н“ со остар предмет му се заканувал.
Синоќа, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, Ф.И.(26) бил физички нападнат од Д.П.(39), двајцата од Скопје.
Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје, Р.И.(44) од Скопје пријавил дека околу 18 часот во парк на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од Х.А.(30).
Завчера, 25 мај во 23:00 часот, во СВР Скопје 40-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77-годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет.
На 26.05.2025 во 02.00 часот во село во струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.А.(45), постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани.
За сите пријави се преземаат мерки за расчистување на случајот. По целосно документирање на случаите ќе следува соодветни пријави, стои во извештајот на МВР.