Вчера во Прилеп се одржа Државното првенство во гимнaстика за ученици од основните училишта и на истиот учествуваа 10 ученици од Гевгелија, 4 од ООУ „Владо Кантарџиев“, 4 уеници од ООУ „Крсте Мисирков“ и 2 ученички од ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци.
На натпреварот најуспешен од гевгелиските ученици беше Андреј Ристов, ученик од VIII одд. при ООУ „Владо Кантаџиев“ – Гевгелија, кој настапи во категорија машки од VII до IX одд. и го обезбеди ПРВОТО место и победничкиот подиум при прогласувањето на најуспешните на Државното Првенство по атлетика. Андреј работеше под менторство на наставничката Наташа Линкова и успеа достојно да го претстави своето училиште и да освои победнички медал.

Со Пофалници од организаторот, Федерацијата на училишен спорт се стекнаа и двете учеснички првоодделенки од ООУ „Ристо Шуклев“ и ООУ „Крсте Мисирков“. Тоа се Весна Велкова од I одд. од училиштето во Негорци и Јана Ѓурова I одд. од Гевгелија.

Еве видео со дел од гимнастичките вежби што ги изведе Јана на Државното првенство во Прилеп.
Интересен податок е да се истакне дека Весна и Јана беа единствените натпреварувачки од прво одделение на Државното Првенство и во оваа возрасна категорија, заедно со натпреварите од прво до 4-то одд., натпреварот беше под мотото „Сите сме победници“. Весна и Јана не делеа подиуми туку добија Пофалници за храбрста да се натпреваруваат и да бидат успешни во гимнастика.

Инаку на спортскиот настан, Државното првенство во гимнастика учествуваа 100 учесници од општинските училишта од Македонија.
Од гевгелиските основни училишта во натпреварувачкиот дел настапија и учениците:
– Ева Николова од VII одд и Весна Велкова од I одд заедно со нивната наставничка Бојана Танова од ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци;
– Андреј Ристов, ученик од VIII одд., Миа Манчева VII одд., Mарија Данаилова VI одд. и Елизабета Ќортошева VI одд. под менторство на наставничката Наташа Линкова, од ООУ „Владо Кантарџиев“; и
– Јана Ѓурова I одд., Андреа Јованова и Васка Шаренкова III одд. и Ивана Ристовска V одделение од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија.


Настанот се одржа во спортска сала во ООУ „Дарко Јованоски“ Прилеп исполнета со енергија, натпреварувачки дух и љубов кон гимнастиката – спорт кој бара прецизност, сила и посветеност.

Честитки за победникот Андреј, за првоодделенките Весна и Јана, носителки на Пофалници и на сите учесници за нивното успешно учество и претставување на Државното Првенство.