Од 30 мај до 1 јуни во местото Минерални бањи, во Хасковската Област, Бугарија се одржа 22-от Меѓународен детски Фестивал „Децата на Балканот – духовноста на Европа“ каде учество зедоа и членовите на Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија, детскиот состав.
Овде тие освоија ТРЕТО место за севкупен настап и станаа добитници на Дипломата за ТРЕТО место од настапот на 22-от Меѓународен детски Фестивал „Децата на Балканот – духовноста на Европа“.
Децата штотуку зачекоруваат на фестивалската сцена во меѓународна конкуренција и го пленат жирито и дома се враќаат со освоен Пехар.
Инаку, вака звучи радоста за своенатa награда, пехар и диплома за ТРЕТО место на фестивалот.
Фестивалот беше обележан со фолклор од земјите на Балканот во изведба на детски состави, од земјите: Бугарија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Турција и Украина. Во таков состав малите играорци од Гевгелија го освоија третото место и докажуваат дека ќе бидат достојни наследници на првата постава играорци на „Бојмија“ кога ќе пораснат.
Честитки за достигнувањето и со лесни чекори напред до првиот состав, со труд, со игра и со настапи!
