Кражба во семеен дом пријавила жителка на Гевгелија. Крадецот ја „олеснил“ за 20.000 евра, така пријавила во полиција.
Од ОВР Гевгелија во пријавата на оштетената гевгеличанка стои заведено следново:
„На 31.05.2025 година во 21:30 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Ф.(49) од Гевгелија пријавила дека истиот ден, во временски период од 16:00 до 19:30 часот од семејната куќа, со употреба на физичка сила и погоден алат и биле одземени пари, односно плико со 20.000 евра.“
Кој чува дома 20.000 евра?
Кој знае дека токму во домот на оштетената гевгеличанка има во плико 20.000 евра?
Со каква дрскост кражбата се изведува сред бел ден?
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.