Колку внимаваме, или колку сме вешти во возењето мопед за да бидеме безбедни како учесници во сообраќајот.
Жител на Гевгелија паднал од мопедот кај Мрзенци и се здобил со тешки телесни повреди. Несреќата се случила во вчера.
Во неделата, на 01.06.2025 во 17:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во с.Мрзенци, гевгелиско, В.Д.(48) од Гевгелија, управувајќи мопед со гевгелиски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., додека неговата сопатничка М.Д.(51) од Гевгелија се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.