Викендов во Охрид се одржа 9-то спортско издание на „Охрид трчаТ“ на кој настапија елитните македонски атлетичари.
Од АК „7 Ноември “ Гевгелија на овој настан учествуваа 9 девет атлетичари, исто колку и деветгодишната традиција на спортскиот настан. Тоа се:
– Влатко Димов и Игор Коцевски на трасата од 5 км,
– Цеца Србова и Тоше Анчев на „мешана штафета“ 2х10,5 km, и
– Драган Ристов, Никола Ковачев, Ицко Узунов, Јован Петров и Дарко Арнаудов на траса од 21 km.

Најдобар резултат, со освојување на подиум постигнаа Цеца Србова и Тоше Анчев кои трчаа заедно „мешана штафета“ од 21 километар, односно 2 х 10,5 km, секој посебно, но како заеднички тим.
Времето кое го постигнаа на трасата беше 1 h 35 min 2 sek.
Патеката на штафеткиот полумаратон беше со елеација од 696 мнв до 707 мнв.
Гевгелиските атлетичари заостануваа само 3 минути и 27 секунди од прволасираниот тим на Атомик, а само 1 ми. и 23 секунди од второпласираниот тим на „Битола Трча“.
На годинашново 9-то издание на „Охрид Трчат“ имаше најмногу учесници до сега, вкупно 2.400 атлетичари. Во поединечна конкуренција на полумаратонската траса победи нашиот македонски олимпиец Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ со резултат од 1:08:53 час. Кај женските најуспешна беше Фросина Михајловска од АК „Аеродром“ со време од 1:28:37 час.

Гевгелиските атлетски сили ете останаа забележани како освојувачи на подиум, пехар и диплома за Трето место на штафетен мешан полумаратон.
Им честитаме на сите учесници! Честитки и за освојувачите на медал Цеца Србова и Тоше Анчев!