Дарио Панковски го почнa јуни летно, весело и духовито со новиот сингл „Мојата драга“. Песната е напишана од Дарио а аранжманот е на неговиот музички тандем Кристијан Габровски. Песната на YouTube ја прати видео, но Дарио најавува и официјален спот наскоро.
„Мојата драга“ е ведар, заразен сингл што ја продолжува линијата на хумористичен поп со кој Панковски се препознава кај домашната публика. Со лесен ритам и духовит текст, песната ветува да стане омилен летен рефрен.
– „Ова е една типична летна, ведра, весела и духовита песна која може да се пее и на сериозен концерт, но и опуштено, со цело друштво на плажа во присуство на ‘своите драги’. Оваа песна нема некоја специјална приказна, но има порака да уживате во секој момент со онаа или оној што ги сакате и да бидете среќни со нив сега, денес, овој момент и така секој ден. Ставете ја саканата на врвот на пиедесталот“ – вели Дарио.
Македонскиот пејач Дарио иако на 62 години, не престанува да твори на задоволство на својата публика. Тој годинава доби статуетка „Златната буба мара на популарноста 2025“ за трајни музички вредности. Еве со новиот летен хит докажуваа дека уште трае во музичките води кај нас.