Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четири сета го совлада Александар Зверев. Српскиот тенисер беше подобар со 1-3 (6-4, 3-6, 2-6 и 4-6) во меч кој траеше три часа и 15 минути. На патот до финалето стои во Париз му стои Јаник Синер.
Танц на Србинот во Париз и фуриозен кам-бек по негативата од 0:1 на стартот од натпреварот. Зверев влезе во пеколниот ритам на Новак и беше “прегазен” во преостанатите три сета. Српскиот и германски тенисер го одиграа 14 меѓусебен меч, а Ноле води со 9-5.
✨ Another masterclass from Djokovic headlines our highlights of the day by @emirates. #Emirates #FlyBetter pic.twitter.com/pOzuEOLfTI
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2025
Зверев го освои првиот сет со 6-4, по што следеше доминација на Ѓоковиќ. И на 38 години покажа дека може да игра на врвно ниво. Вториот сет го доби со 3-6, додека во третиот на противникот му дозволи да освои само два гејма.
Во четвртиот сет се случи момент кој ретко се гледа, двајцата тенисери разменија 41 удар. На крајот сето ова заврши во корист на Ноле. На овој начин успеа да изедначи на 40/40, а потоа да го освои гејмот. Овој сет го доби со 4-6.
41 SHOTS RALLY TO SAVE A BREAK POINT 🤯#RolandGarros pic.twitter.com/jGhlFQ3qTy
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2025
Ноле го освои 51-от пласман во полуфинале на Грен слем.