среда, 23, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Семенаков ПРВ, Прошевски ВТОР на Националното Триатлон првенство 2025 во Дојран

Трета година учество на гевгелиски спортисти на Државното Триатлон Првенство што традиционално се одржува во Дојран и освоени ШАМПИОНСКОТО и ВИЦЕ-ШАМПИОНСКОТО место во категорија „Мастер 2“ за мажи

јуни 7, 2025
in СПОРТ
Семенаков ПРВ, Прошевски ВТОР на Националното Триатлон првенство 2025 во Дојран
0
SHARES
136
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Освоени два подиума – ПРВО и ВТОРО место во категоријата „Мастер 2“ од страна на гевгелиските спортисти, атлетичари, членови на АК „7 Ноември“ и „Гевгелија точак клуб“, – Влатко Семенаков и Дарко Прошевски на годинашното Државно Триатлон Првенство на Македонија што традиционално се одржува во Дојран.

ПРВОТО место го освои Влатко Семенаков со најдобро време постигнато во трите дисциплини од Триатлон Првенството на Македонија: пливање, возење велосипед и трчање.

Related posts

Никола Пеев ВТОР, Елена Давитковска ТРЕТА на Пара атлетски митинг во Србија

Никола Пеев ВТОР, Елена Давитковска ТРЕТА на Пара атлетски митинг во Србија

јули 21, 2025
Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија

Свечено отворена Европската Младинска Олимпијада во Скопје, Македонија

јули 21, 2025

Семенаков трасата од 800 метри пливање ја помина за 17:15 минути, трасата од 20 километри возење велосипед ја совлада за 39:03 минути, а последната делница од трчање на траса од 5 километри ја помина за 19:20 минути. Севкупното време на ТРИАТЛОН ПОБЕДНИКОТ на Македонија во категорија „Мастер 2“ е 1:18:55 час.

Влатко Семенаков – I место и Дарко Прошевски – II место „мастер 2“

Подиумот за вицешампионот во „Мастер 2“ му припадна на Дарко Прошевски од Гевгелија. Тој трасата од 25,8 километри ја совлада за вкупно време од 1:28:43 час. Првата трка од 800 метри пливање ја совада за 18:24 мин, велосипедската трка од 20 км ја совлада за 43:00 минути, а 5те километри трка со трчање ја совлада за 24:06 минути. Подиумот за второто место на почесното доделување на медалите го завзеде Прошевски.

Еве како започна триатлон трката, со првата дисциплина „пливање“:

После пливањето следува траса од 20 км долж Дојран се’ до ГП „Дојран“ поради што сообраќајот претпладнево на главната сообраќајница во Дојран беше затворен. По завршувањето на трката со велосипеди, се оставаат истите и се продолжува брзинска атлетска трка.

Улиците и пешачката патека пред целта „Под Јаворите“ беа резервирани за триатлон натпреварувачите.

Победниците на првиот ден на НАЦИОНАЛНО ТРИТЛОН ПРВЕНСТВО – ДОЈРАН 2025, се следните учесници, најдобрите по категории:
🏆 Апсолутна категорија – Жени
🥇 Anastasia Peycheva
Сениорки:
🥇 Бојана Ѓорѓиеска – Триоги Скопје
🥈 Магдалена Станковска – Триоги Скопје
🥉 Блерта Хани – 3 Дисциплини Струга

Сениори:
🥇 Стефан Делев и 🥇во апсолутна категорија – Софка Скопје
🥈 Иван Трпчевски – Триоги Скопје
🥉 Никола Кутаноски – 3 Дисциплини Струга


Јуниорки:
🥇 Бела Жунгулова – Софка Скопје
🥈 Олса Орани – 3 Дисциплини Струга
Јуниори:
🥇 Сергеј Малјановски Арнаудовски – Триоги Скопје
🥈 Јосиф Малински – Триоги Скопје
🥉 Бобан Јаневски – Софка Скопје
Кадетки:
🥇 Бистра Груевска – Триоги Скопје
🥈 Калина Ѓорѓијевска – Триоги Скопје
🥉 Тија Кукунешоска – 3 Дисциплини Струга
Кадети:
🥇 Марио Брезовски – Триоги Скопје
🥈 Даријан Калеников – Триоги Скопје
🥉 Андреј Лозаноски – Триоги Скопје
Мастер 1 (мажи):
🥇 Гоце Ѓорѓијески – Триоги Скопје
🥈 Филип Најдовски – Софка Скопје
🥉 Дарко Матевски
Мастер 2 (мажи):
🥇 Влатко Семенаков
🥈 Дарко Прошевски
Мастер 3 (мажи):
🥇 Блаже Цоневски – Софка Скопје
🥈 Димче Клинчаров – Софка Скопје

Утре следуваат трките за категориите Деца 1 и Деца 2, како и штафетите – вистински празник на спортот, во топлиот Дојран. Викенд посетителите во Дојран можат да ги проследат трките и да ги запознаат новите шампиони!

Oрганизатори на спортскиот настан е Триатлон Федерацијата на Северна Македонија и општина Дојран како домаќин и организатор. Помагател е Министерство за спорт на Северна Македонија. Местото на стартната позиција е од Центарот на Дојран, „Под Јаворот“ – главен плоштад позади Општината.

Им честитаме на сите натпреварувачи за вложениот труд, храброст и спортски дух.

ShareTweetShareSend
Previous Post

СИНДИКАЛНИ РАБОТНИЧКИ ЕКСКУРЗИИ

Next Post

Обука на ДППД Дојран за технички интервенции со стручни лица од „Флориан“ Велика Британија

Next Post
Обука на ДППД Дојран за технички интервенции со стручни лица од „Флориан“ Велика Британија

Обука на ДППД Дојран за технички интервенции со стручни лица од „Флориан“ Велика Британија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Валентина Узунова (57) со трчањето им пркоси на годините

Валентина Узунова (57) со трчањето им пркоси на годините

2 години ago
Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

Пoжарот од Грчиште се’ уште активен, се шири во правец на Ѓавото

3 недели ago
Празничната  „туристичка река“ втор ден кон Грција

Празничната „туристичка река“ втор ден кон Грција

2 години ago
ПС Гевгелија и Дојран привеле двајца криумчари на мигранти

Полициски службеници од ГП и ГН „Богородица“ пронашле исчезнат Французин

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Зголемена фреквенцијата и брзината на премин на ГП Стар Дојран – над 35.000 патници неделно
  • Пожарот кај с.Селемлија изгаснат од единицата на ТППЕ Гевгелија
  • ВИДЕО: После 16 денови целосно изгаснат пожарот кај с.Николиќ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Зголемена фреквенцијата и брзината на премин на ГП Стар Дојран – над 35.000 патници неделно

Зголемена фреквенцијата и брзината на премин на ГП Стар Дојран – над 35.000 патници неделно

јули 23, 2025
Пожарот кај с.Селемлија изгаснат од единицата на ТППЕ Гевгелија

Пожарот кај с.Селемлија изгаснат од единицата на ТППЕ Гевгелија

јули 22, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist