Летните досадни посетители вечерва ќе бидат на удар на планираната дезинсекција во општина Гевгелија.
На подрачјето на општина Гевгелија, денеска (10 јуни 2025 година), во доцните вечерни часови, ќе биде извршено теристичко прскање против комарци.
За таа цел, се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот временски период.
Граѓаните пожелно е во часовите додека трае теристичко прскање во нивната улица да ги затворат прозорите од својот дом.
Утре (11 јуни 2025 година), ќе се изврши и ларвицидно прскање, односно третман против комарци на стојните води покрај реката Вардар и останатите населени места, известуваат од општина Гевгелија која е нарачател на дезинсекцијата.